Наместо брз воз, празни шини

0
336

Иако може да се најде на возниот ред на веб страницата на Македонски железници, извесен период брзиот воз од Битола до Скопје во 5:18 минути не сообраќа. Има случаи кога патници одат наутро и го чекаат возот, но наместо воз наидуваат само на празни шини. Возот пак кој сообраќа од Битола до Скопје два часа порано, во 3:10 е редовен. Не се знае која е причината што е укинат возот во 5:18 минути, а не постои ни известување за тоа. Од Македонски железници велат дека доколку повторно се воведе брзиот воз, патниците ќе бидат известени за тоа, но засега тој воз нема да сообраќа. Овој воз беше укинат и во зимскиот период.

Вакви слични случаи имало и во Велес, кога патниците го чекале возот, а тој воопшто не дошол. Неофицијалните информации се дека причина за нередовноста на патничките возови е тоа што голем дел од композициите се пренасочени во Гевгелија од каде што ги превезуваат мигрантите кон северната граница.