Наместо масло и крпи донесете кадифени мечиња

0
337

„ Следен поголем празник на кој ќе се наполнат нашите храмови ќе биде свети Николај. А нели св. Николај бил познат по своето човекољубие и милосрдност кон сиромашните, кон сираците, кон вдовиците, па дури и Дедо Мраз му го украл идентитетот. Неговиот празник е на 19.12. непосредно пред нова година.
Ми падна идеја да пратам еден апел до сите вас до кои допира мојот глас, моето размислување.
Како ви се чини на тој празник годинава наместо да носиме масло, крпи, чорапи и триста разни дарови, секој од нас да купи по една кадифена играчка и неа да ја дарува во црквата, а потоа сите тие играчки да се соберат и да се поклонат предновогодишно на децата во детските домови и специјалните училишта“ напиша Пимен на својот профил на Фејсбук.