Наместо Специјално добивме Селективно обвинителство

0
554

Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов во своето обраќање до јавноста попладнево изјави дека наместо Специјално земјата добила Селективно обвинителство.

Вели дека со помилувањата ги запрел сите непријателски намери, но гневот бил насочен кон него.

Иванов смета дека на ваков начин спречил македонско-македонски судир.

„СЈО вршеше селективен прогон кон една политичка партија. Сето тоа личеше дека играме туѓа наметната игра за дестабилизација. Сакам граѓаните да знаат дека бевме на чекор до отворен граѓански судир. Првата опција беше да дејствувам реактивно и да чекам се додека состојбата не ескалира, па да ја вклучам армијата, но со тоа ќе ја оставев јужната граница незаштитена. Втората опција беше превентивна, тоа подразбираше да наметнам нови правила за наметната игра“-изјави Иванов.

Претседателот вели дека опозицијата ја дезинформира јавноста.

Иванов се осврна на одложувањето на изборите, мигрантската криза, блокирањето на институциите. Според него, СЈО потфрли, а лидери на политички партии добиваат закани.

Го повика Заев, онака како што рекол, да поднесе барање за повлекување на помилувањето.

Рече дека неоснованата иницијатива за импичмент беше отфрлена и затоа денес им се обраќа на граѓаните.

Претседателот порача дека вандализам и хулиганство не треба да се толерира.