Наместо цвеќе и бомбоњера, играчки, подарок за свадба

0
583

 

Неколку донации на различни одделенија денеска во битолската болница. За Детскиот оддел имаше играчки, детски материјали и литература, собрани на интересен начин.

goce kastinovski

Гоце Кастиновски ни кажа дека од нивните гости побарале, да не им носат вообичаено цвеќе или чоколадни бомбони, туку играчки или сликовници.

fizikalna

На одделот за физикална медицна и рехабилитација, здружението на пензионери донираа финасиски средства за реконструкција.

tome ilijovski

Томе Илијовски од здружението на пезнионери Битола, вели дека денешната донација не е прва и дека претходно во неколку наврати донирале на места каде имало потреба, на барање на болницата.

Со 28 уметнички слики Малиот битолски монмарт, од малите уметници за малите херои, го облагороди просторот неодамна реновиран.

kosat hadziantonovski

Коста Хаџи Антоновски од Мал Битолски Монмарт рече дека е многу среќен денеска што донираат во овој простор, и за него како 80 годишен човек, кој 25 години активно се занимава со работа со деца, ова е многу значајно.

Од Клиничка, задоволни и благодарни за донациите.

sonja trpezanova

Д-р Соња Трпезановска Клиничка болница Битола истакна дека се многу задоволни за хуманиот гест од страна на Малиот битолски монмартр и здружението на пензионери од Битола.

Директорот на Клиничка не информираше и за донација на 13 електирчни кревети.

vasile najdovski

Д-р Василе Најдовски раководител на Клиничка болница Битола се заблагодари за донацијата од 13 електрични кревети и за транспортот информирајќи дека болницата воопшто не учествувала финасиски, како и на компанијата која донирала, чаршафи и пижами.

el krevet

Овие кревети се сместени на неколку одделенија и се наменети за тешко болни и лица на интензивна нега.