Нан Демо модно студио за урбани девојки

0
947

Неодамна во Скопје, се отвори модното студио Нан демо, кое е во сопственост на битолската дизајнерка Јелена Станаревиќ.

Покрај нејзините колекции, во ова модно студио љубителите на модата ќе може да најдат и модели по избор на Јелена.

Она што е интересно за Станаревиќ е што своето образование на полето на модата, го реализираше во Белград, а за македонските дизајнери вели дека со задоволство ги поддржува и сака да ги носи нивните креации.

Оваа урбана девојка со препознатвли стил, креира модели за самоуверени девојки и жени, претежно во црна боја и со акцент на рок стилот.

Повеќе за Нан демо и Станаревиќ во видеото кој следува.