Наоми Кембел заврши во инвалидска количка

0
820

Веќе извесен период се зборува дека Наоми Кембел (47) има проблеми со нозете поради високите потпетици кои ги носи целиот живот. Сепак, светот остана во шок откако за прв пат ја виде црната газела во оваа состојба.

Убавата манекенка завршила во инвалидска количка по повредата на стапалото, пишува Дејли Мејл.

Нејзиниот претставник изјавил дека е во прашање помала повреда која наскоро треба да  биде излекувана, но се повеќе се зборува за големите боли кои Наоми ги трпи. Наводно имала и операција на колковите, а како што пренесуваат светските таблоиди оваа состојба е последица од високите потпетици и секојдневното вежбање.

Во  последно време Наоми во неколку наврати била фатена од папараците како се потпира на стап додека оди, а неколку дена пред Божик е фотографирана во инвалидска количка.

Без коментари

LEAVE A REPLY