Напад на концерт во Лас Вегас

0
322

При напад со автоматско оружје на фестивал за кантри музика во Лас Вегас има најмалку 2 мртви и 24 повредени, според првичните информации кои што ги објавија американските медиуми.

На социјалните мрежи се појавија слики и од луѓе како бегаат од концертот, а на некои видеа може да се слушнат и звуци на автоматско оружје.

Нападот се случил во блиина на казиното „Менделеј Беј“ во центарот на Лас Вегас, за време на фестивалот „”Route 91 – Harvest“.

Според засега непотврдени информации, напаѓачот стрелал од 32. кат на хотелот, откако застрелал припадник на обезбедувањето. Гости на хотелот напишаа на Твитер дека полицијата во целост ги затворила хотелот и казиното. Хотелот е испразнет од 29-от кат, во обид полицијата да стигне до 32-от, каде наводно се наоѓа напаѓачот. Според некои извори на западните медиуми, во инцидентот има двајца или тројца напаѓачи.

Без коментари