Напад пред катедралата Нотр Дам во Париз

0
701

Француската канцеларија за контра-тероризам при Јавното обвинителство почна истрага за нападот врз полицаец пред катедралата Нотр Дам во Париз.

Полицијата соопшти дека напаѓачот кој врз полицаец употребил чекан, подоцна бил убиен.

Властите додадоа дека се верува оти напаѓачот бил студент од Алжир и дека дејствувал самостојно.

Претходнои париската полиција соопшти дека застрелала лице кое се обидело да нападне полицаец во центарот на градот.

Поради инцидентот отцепен е реонот околу катедралата Нотр Дам. Полицијата предупреди дека има инцидент во реонот на катедралата и повикаа луѓето да ја одбегнуваат таа зона.