Напад со киселина врз пешаци во Лондон

0
969

Двајца тинејџери синоќа на неколку локации во источен Лондон со киселина нападнале случајни минувачи. Напаѓачите 90 минути ги напаѓале минувачите на пет различни локации, а забележани се и грабежи.

Првиот телефонски повик полицијата го добила синоќа во 10:25 часот по локално време. Еден 32-годишен маж добил повреди на лицето, а на жртвата ѝ бил украден и автомобилот, пренесуваат британските медиуми. Следниот повик полицијата го добила во 11:05, кога било пријавено дека двајца мажи на скутер полеале втор маж со киселина по лицето. Во 11:18 бил пријавен грабеж и ново прскање со киселина. Жртвата на третиот напад била превезена во болница во источен Лондон со сериозни повреди на лицето.

Четвртиот напад бил пријавен во 11:37 кога двајцата напаѓачи му се приближиле на друг возач на скутер и го испрскале со киселина. За среќа, повредите не биле сериозни па жртвата од дома го пријавила случајот. Сличен случај како овие во источен ондон бил пријавен во 10:49 во Ислингтон, но состојбата на жртвата сѐ уште не е позната.

Еден тинејџер е уапсен во врска со нападите, додека вториот напаѓач сѐ уште е во бегство.

Нападите со киселина се чести во Британија. Според официјалните податоци бројот на ваквите напади пораснал во последните четири години. Во 2012 се регистрирани 183 такви напади, додека во 2017 веќе се извршени 504, но засега ниеден од нападите со киселина не е поврзан со тероризам.

Без коментари