Напад во автобус во Брисел

0
266

Жена рани со нож три лица во автобус во Брисел, по што полицаец пукал во неа и ја повредил.

Радио-телевизијата Ер Бе Тие Еф соопшти дека според полицијата инцидентот не е политички мотивиран, туку нападаѓачката имала психички проблеми.

Белгиската престолнина е во состојба на готовност, откако локални екстремисти од Исламска држава извршија напади во Париз во ноември минатата година и самоубиствени напади во самиот Брисел во март оваа година.