Напад во Франција, полицајка избодена со нож во Тулуз

0
259

Припадничка на француската полиција била избодена со нож во напад кој се случил во градот Тулуз, јавуваат француските медиуми.

Нападот се случил во полициска станица во префектурата Ремпар Сен Етјен.

Напаѓачот најпрвин се обидел да ѝ го одземе пиштолот на полицајката, а откако не успеал, извадил нож и ја прободел во вратот. Станува збор за 31-годишен азилант од Алжир со ментално нарушување, кој веднаш бил уапсен.

Тој влегол во станицата за наводно нешто да им пријави на полицајците. Потоа кажал дека ја нападнал полицајката затоа што „таа ја претставува Франција“.

Полицајката веднаш била префрлена во болница и според првичните извештаи не е во животна опасност.