Напад врз германски конзулат во Авганистан

0
221

Четворица авганистанци биле убиени, а над 100 ранети кога талибански бомбаш самоубиец го насочил камионот полн со експлозив во германскиот конзулат во северниот авганистански град Мазар е Шариф. Се наведува дека дваесетина членови на персоналот го избегнале нападот и биле безбедно евакуирани. Во исто време дошло да престрелка на авганистанските безбедносни сили и НАТО војниците со вооружените напаѓачи. Талибанците соопштија дека нападот бил одмазда за 30 загинати цивили во воздушните напади во Кундуз.

Без коментари

LEAVE A REPLY