Напад врз полициска станица со молотови коктели

0
667

Група од околу 10 маскирани лица во два часот по полноќ нападнале полициска станица со молотови коктели. Во нападот што не траел повеќе од две минути, предизвикана е материјална штета, а нема повредени полицајци или граѓани. Две паркирани возила од кои едното полициско, изгореле, а интервенирала противпожарната служба за да го изгаси пожарот. Населбата Пефки во која што се случи нападот се наоѓа во еден од побезбедните делови на Атина.