Напад врз универзитет во Пакистан, убиени повеќе од 20 студенти

0
334

Најмалку 21 лице се убиени, а над 30 се повредени во денешниот напад на Универзитет во северозападниот дел на Пакистан во близина на Пешавар.

Најголем број од загинатите и повредените се студенти, а полицијата соопшти дека операцијата против четворица напаѓачи е завршена.

Според полицијата Универзитетот бил нападнат непосредно по отворањето, во раните утрински часови, каде студираат околу 3.000 момчиња.