Нападнат главниот судија на натпреварот во Прилеп

0
616

На 03.10.2015 година во времето од 14,30 до 17,30 часот во Прилеп на градскиот стадионот „Гоце Делчев“ при одржување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК„Победа“ од Прилеп и ФК„Македонија Ѓорче Петров“ од Скопје, поточно во 72 минута, натпреварот бил прекинат поради тоа што поголема навивачка група влегла на теренот незадоволни од судската одлука, при што го нападнале главниот судија. Додека при обезбедувањето на судиската екипа, делегатот, гостинската екипа и другите официјални лица на натпреварот, биле повредени двајца УПС од ПС-Прилеп, кои се здобиле со телесни повреди. Натпреварот бил следен од околу 2500-2800 гледачи, меѓу кои биле и навивачките групи „Мајмуни“ и „Маркови внуци“.

Без коментари

LEAVE A REPLY