Нападнат полицаец на фудбалски натпревар

0
792

На 16.04.2016 година во 22.30 часот полициски службеник од Битола пријавил дека за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓи екипите на ФК Пелистер и ФК Победа бил нападнат од Т.Г. и уште две непознати лица. Сторителите ја прескокнале оградата и влегле на теренот. Кога се обидел да ги спречи полицискиот службеник бил нападнат со тупаници и клоци при што му биле нанесени телесни повреди во пределот на главата. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.