Нападната полициска станица во Истанбул

0
1319

Утрово е нападната локална полициска станица во истанбулската општина Есенјурт. Двајца вооружени напаѓачи отвориле оган околу 6.40 часот денеска врз четирикатната зграда на полицијата. Во нападот нема убиени и повредени.

Полицијата одговорила на огнот неодложно и ја почнала престрелката, но напаѓачите успеале да избегаат.

Силите за безбедност, потпомогнати од хеликоптер, ја водат операцијата за фаќање на извршителите на нападот. Во операцијата учествуваат извршителите на нападот. Во операцијата учствуваат и специјални единици.