Нападната рафинерија во Ирак

0
355
Најмалку 11 загинати при напад врз рефинерија во Ирак
Најмалку 11 лица загинаа, а 21 беа ранети денеска при напад врз рафинерија за преработка на природен гас во ирачкиот град Таџи, на 27 километри северно од Багдад.
Според ирачката полиција, нападот започнал со експлозија на автомобил-бомба пред влезот на рефинеријата, по што во објектот упаднале најмалку шестмина вооружени напаѓачи кои носеле појаси со експлозиви на себе.
Безбедносни извори соопштија дека полицајците што ја обезбедувале рафинеријата отвориле оган врз напаѓачите, кои возвратиле на огнот, ранувајќи најмалаку 15 полициски припадници.
По упадот напаѓачите го активирале експлозивите, предизвикувајќи пожари во три депоа за гас.