Нападот во Истанбул го извршил Турчин поврзан со ИД

0
291
Самоубиствениот напад во центарот на Истанбул го извршил турски припадник на Исламска држава, Мехмед Озтурк, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи.
Напаѓачот е формално идентификуван. Поврзан е со терористичка организација Даеш (Исламска држава), изјави Ефкен Ала.
Озтурк бил роден во 1992 година во провинцијата Газиантеп на границата со Сирија. Петмина друилица се уапсени во акцијата на полицијата.
Во напад извршен вчера во Истанбул загинаа најмалку пет луѓе, од кои четири странци додека 36 се ранети меѓу кои 12 странски државјани.