Нападот врз болницата го извршија американски авиони

0
420

Воздушните напади врз сириската болница која ја управувате Лекари без граници ги изведе американското воено воздухопловство, изјави во понеделник сирискиот амбасадор во Москва.

Агенциите во понеделник пред пладне јавија дека пет проектили ја погодиле детската болница во Азаз на северот на Сирија, при што се убиени најмалку 14 цивили, а во нападот врз болницата на Лекари без граници во Марат ал Нуман на северозападот на земјата убиени се најмалку девет лица.

„Ја уништи американското воено воздухопловство. Руските воздушни сили со тоа немаат ништо“, изјави амбасадорот Риад Хадад. /крај/хн/ст

Без коментари

LEAVE A REPLY