Напаѓач во кафуле кај Зрењанин уби пет и рани 22 луѓе

0
382

Маж кој илегално поседувал оружје убил ноќта кон средата во локал во местото Житиште кај Зрењанин убил пет луѓе, а ранил повеќе од дваесет, јавуваат српските медиуми.

Станува збор наводно за 38-годишен маж кој ја убил својата сопруга и нејзината пријателка, и продолжил да пука по гостите во локалот при што убил уште три луѓе. Четири лица се тешко ранети, а меѓу ранетите се и најмалку тројца малолетници.

Убиецот набрзо по злосторството е уапсен.

Во местото инаку се одржувала традиционална манифестација „Пиле фест“, која била масовно посетена.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави за Радио-телевизија Србија (РТС) дека мажот немал досега ниедна кривична пријава, вклучително и за семејно насилство.

„Ништо не укажувало дека би можела да се случи ваква трагедија“, истакна министерот

„Тој ноќеска околу еден ипол часот од автоматска пушка која илегално ја поседувал со повеќе рафали убил пет и ранил дваесет луѓе“, потврди Стефановиќ./крај/мф/сн