Напаѓачите на Села добија 30 дневен притвор

0
442

Осомничените татко и син, кои се товарат за убиство во обид, што го нападнаа пратеникот од Алијанса за албанците, Зијадин Села при упадот во Собранието се во истражен затвор, потврдија од Кривичниот суд. Доцна синоќа Кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена. Претходно, Основното јавно обвинителство информираше дека овие две лица, заедно со други кои се уште не се идентификување, се товарат за кривичното дело Убиство од членот 123 во врска со член 22 и во врска со член 19 од Кривичниот закони.

Од Министерството за внатрешни работи вчера соопштија дека рано изутрината, двајцата биле приведени.

– Од извршениот претрес биле пронајдени и подигнати патики со траги слични на крв, облека и три мобилни телефони, кои со потврда за привремено одземени предмети му се одземени. К.Ѓ. заедно со неговиот татко Ц.Ѓ. (68) се приведени во полициската станица Кисела Вода. При преземањето на мерките и активностите било утврдено дека во салата 3, каде се одржувала прес конференција, Ц.Ѓ. најпрвин фрлил стол, а К.Ѓ. фрлал разни предмети кон присутните пратеници, по што двајцата заедно физички го нападнале и го влечеле пратеникот Зијадин Села – соопштија вчера од МВР.