Напаѓачот ги издвоил христијаните меѓу студентите, па ги убил

0
285

Напаѓачот што уби најмалку 10 студенти на колеџот во Орегон ги издвоил христијаните од другите пред да ги убие, тврди таткото на едно од ранетите момчиња, а пренесува Си-ен-ен. Напаѓачот бил идентификуван како 26-годишниот Крис Харпер-Мерсер, а кога полицијата го убила со себе имал четири пушки. Медиумите тврдат дека тој е по потекло од Велика Британија.

Пред да биде префрлена на операција на рбетот, студентката Анастасија Бојлна им кажала на татко ѝ и брат ѝ дека напаѓачот во училницата упаднал со пукање.

„Ова го чекав со години!“, му кажал тој на професорот и го застрелал од непосредна близина.

Напаѓачот потоа, полнејќи ја пушката, почнал да ги прашува студентите дали се христијани.

„Кога тие ќе станеле, тој им викал: Добро, ако сте христијани ќе го видите Господ за неколку секунди. Тогаш пукал и ги убивал“, пренел таткото на Бојлан.

Њујорк тајмс пишува дека Харпер-Мерсер е опишан како „огорчен млад човек исполнет со омраза“.

Американските медиуми истакнуваат дека тој на социјалните мрежи му се восхитувал на Вестер Фланеген, напаѓачот што во програма во живо уби двајца американски новинари.

„Го забележав случајот на Вестер Фланеген, човекот кој во живо во програма уби новинарка и камерман. Многу луѓе како него се сосема сами и непознати, а кога ќе пролеат малку крв цел свет знае за нив. Човек кој никој не го знаел сега е славен. Неговото лице се појавува на секој екран, неговото име е на устата на секој човек во светот, но само на неколку дена. Изгледа дека колку повеќе луѓе убиете, толку ќе бидете попопуларни“, напишал Мерсер на својот блог на 31 август годинава.