Напаѓачот на војниците во Сараево извршил самоубиство

0
2551

Енес Омерагиќ, вахабистот кој во сараевското предградие Рајловац уби двајца војнции на оружените сили на БиХ, извршил самоубиство во својата куќа.

Ова за хрватската телевизија Н1 го потврдил министерот за безбедност на БиХ Драган Мектиќ. Според непотврдени информации, убиецот се разнел со експлозив.

Сараевските медиуми известуваат дека убиецот на војниците извршил самоубиство во својата куќа, која полицијата ја држеше под опсада.

Омерагиќ вчера во сараевската населба Рајловац во спортска обложувалница уби двајца припадници на оружените сили на биХ, Србин и Бошњак, а потоа пукал во градски автобус, ранувакќи уште еден војник и полесно повредувајќи две лица.

 Тој бил припадник на радикалното исламистичко салафистичко движење, и при влегувањето во обложувалницата, кога почнал да пука во војниците, извикал „Алаху акбар“.