Напаѓачот од Батон Руж е афроамериканец ветеран

0
297

Мажот, кој уби тројца полицајци и рани други тројца во американскиот град Батон Руж, е црнец ветеран од Ирак, кој бил повеќепати наградуван за својата служба. 29-годишниот поранешен маринец Геивин Лонг беше застрелан од органите на редот, објавија светските агенции.

Претходно овој месец, во Батон Руж полицајци застрелаа црнец, што предизвика протести низ целата земја. Ројтерс објави дека на социјалните мрежи Лонг објавил видео на кое коментира дека не му се допаднале активностите на органите на редот и навестува дека само насилство би довело до промена. Иронијата во случајот е дека барем еден од убиените полицајци исто така е црнец.

Тоа е уште епизода во исполнетите со малку доверба и многу насилство односи меѓу афроамериканските заедница и силите на редот. Буквално секоја недела се појавуваат информации за прекумерно насилство, употребено против афроамериканците – понекогаш со фатални последици.
Во одговор и вооружените напади врз полицајци зголемуваат, а кулминација се случи пред неколку недели во Далас, каде поранешно воено лице застрела петмина.