Напаѓачот од Франција бил дрогиран и пијан

0
588

Напаѓачот на парискиот аеродром „Орли“ бил под дејство на алкохол и дрога, пред да биде застрелан. Извршената аутопсија укажува на речиси 1 промили алкохол во крвта, како и на канабис и кокаин, објавија судски извори, цитирани од француските медиуми.

39-годишниот Зиед бин Белгасем нападна во саботата воена патрола на аеродромот „Орли“, откако пред тоа пукаше во полицаец и украле автомобил.

Во интервју за француско радио, таткото на Белгасем, изјави дека неговиот син не е терорист, не бил посветен муслиман, но пиел алкохол. Тој е осудуван неколку пати, вклучувајќи за шверц на дрога.