Напаѓачот од Ница имал петмина соучесници

0
338

Париското обвинителство покрена обвинение против петмина кои се наоѓаат во притвор за вмешаност во нападот во Ница, кога со камион беа прегазени 84 луѓе на Денот на Бастиља.

Тројца осомничени и формално се обвинието за соучесништво во убиство што го извршила група поврзана со тероризам, додека двајца се обвинети за кршење на законот за оружје во врска со припадност кон терористичка група.

Државното обвинителство кое ги надгледува антитерористичките истраги соопшти дека петмината се сомничат дека му помагале на 31 годишниот Мохамед Лауеј Булел да го зиврши нападот.