Напаѓачот во Минхен бил обожавател на Брејвик

0
1501

Напаѓачот, кој уби девет, а повреди 27 посетители во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, е 18-годишниот Али Давид Сонболи кој имал двојно германско и иранско државјанство. Според неговите соседи тој бил повлечено, срамежливо и многу мирно момче, кое ретко ги отпоздравувало своите соседи. Во Минхен се доселил пред околу две години а мотивите за неговиот напад за полицијата сеуште се целосно нејасни.

Родителите на напаѓачот поради шок сеуште не се во можност да и помогнат на истрагата, но на полицијата и потврдиле дека нивниот син предходно бил положен на психијатриска и медицинска грижа. Полицијата сеуште ги анализира снимките направени од очевидци на настанот каде луѓето го убедувале да не пука во невините граѓани.
Меѓу жртвите има три жени и шест мажи, осум од убиените имале помеѓу 14 и 21 година, а тројца од загинатите се од Косово, 21 годишно момче, 15-годишна девојка и нејзината пријателка. Таткото на убиеното момче дојде на местото на злосторот со негова слика во рацете.
Во текот на пукањето, полицајците не успеале да го погодат напаѓачот а доказите укажуваат дека тој се самоубил. Убиецот, како што дозна полицијата, најверојатно хакирал профил на млада жена на Фејсбук и ги повикал граѓаните да дојдат во трговскиот центар на бесплатен оброк. Во куќата на напаѓачот не е пронајдено ништо што укажува на било каква поврзаност со терористички организации но според германската полиција, Али бил опседнат со Андрес Брејвик кој на исто така 22 јули 2011-та година уби 77 луѓе во Осло и местото Утоја.
Германија е во состојба на зголемена будност а највисоките органи и канцеларката Меркел одржаа итни седници.
По шпекулациите на косовските медиуми дека во нападот е убиена и македонска државјнака од македонското Министерство за надворешни работи велат дека немаат таква информација од германските колеги.