Напаѓачот во возот во Франција е екстремист, се борел во Сирија

0
255

Човекот што сакаше да изврши оружен напад во воз во Франција е исламски екстремист, кој патувал во Сирија минатата година, велат шпанските медиуми.Шпанскиот печат објави дека станува збор за Ајуб Ел Казани (26) со потекло од Мароко, кого го следеле три европски безбедносни служби.

Француската полиција не потврди дека се работи за Казани, но рече дека веројатно станува збор за екстремист.

Казани од Мароко во 2013 година се преселил во Шпанија, а во 2014 година заминал во Сирија, каде што поминал обука, а потоа и се борел во граѓанската војна.

Истата година тој се обидел да се врати во Франција.

Белгискиот обвинител официјално отвори антитерористичка истрага откако вооружениот напаѓач отвори оган во брз воз на линијата Амстердам-Париз.

„Отворивме истрага во согласност со законот за борба против тероризмот откако осомничениот се качил на воз во Брисел“, потврди Ерик ван дер Сијпт, портпарол на канцеларијата на јавниот обвинител.

Без коментари

LEAVE A REPLY