Напладне протест пред општината

0
964

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска одржа едночасовен мирен протест пред општина Битола.

На граѓанскиот собир, кој се одвиваше од 12 до 13 часот, а беше изразен со прекин на сообраќајот на булеварот „1 Мај“ и негодувања против локалната и централната власт, учесниците ги повторија познатите барања, односно оставки на шефот на државата Иванов и градоначалникот Талески, повлекување на одлуката за општа аболиција и на одлуката за одржување на вонредни парламентарни избори на 5 јуни.

А синоќа, демонстрантите фрлаа балони со боја на фасадата на општинската зграда.