Напливот на емигранти личи на освојувањето на Рим од страна на варварите

0
150

Лидерката на француската десница Марин ле Пен го споредила пристигнувањето н големиот број бегалци во Европа со инвазијата на варварите на Рим, пренесува Раша тудеј.

Ова не е прв пат лидерката на францускиот Национален фронт да даде скадалозна изјава за бегалците од Блискиот Исток. Во претходни изјави Ле Пен повлекуваше паралела меѓу доаѓањето на големиот број муслимани во Европа и нацистичките освојувања.

„Без каква било акција, оваа миграција ќе биде како инвазијата на варварите од четвртиот век, а последиците ќе бидат исти. Мораме веднаш да го сопреме ова лудило за да ги заштитиме нашиот социјален договор, слободата и индентитетот“, изјавила Ле Пен.

Се очекува до крајот на годината во Европа да пристигнат милион баратели на азил.

Ле Пен ги обвинила двете главни коалиции во Франција, и на бившиот претседател Саркози, но и на сегашниот Франсоа Оланд, за „првиот бран емигранти“.