Напната состојбата на албанско-грчката граница

0
1345

На албанско – грчката граница состојбата е напната, а граничната линија ја надгледуваат и хеликоптери на грчката армија.

Влошувањето на односите се случи по реакцијата на албанското министерство за надворешни работи, кое ја обвини Атина дека се меша во внатрешните работи на Албанија. Тензиите меѓу Тирана и Атина се зголемени по состанокот на Советот на албанската погранична општина Химара во петокот на кој советниците од Партијата за човекови права, во која членуваат претежно припадници на грчкото малцинство, бараа Химара да се прогласи малцинска зона. Истото барање веднаш беше подржано од Грчкото министерство за надворешни работи, а Тирана оцени дека Грција се меша во внатрешните работи на Албанија .

Албанските медиуми јавија дека Атина зголемената контрола на границата со Албанија со војници и надгледување со хеликоптери ја објаснува со потребата од зголемена контрола на границата./крај/мф/мн