Направен е напредок во раговорите за Избирачкиот законик

0
488

Повеќечасовните разговори на Работната група за Изборниот законик донесоа напредок.

„Морам да кажам дека има сериозен напредок“, изјави белгискиот експерт Питер ван Хојте, „разоворите изминативе неколку дена беа многу продуктивни и конструктивни како и преговарачите кои давале огромен напор за да се постигне резултат“, изјави белгискиот експерт Питер ван Хојте одбегнувајќи да прецизира во кој дел од дискусијата е направен напредок а во кој има се уште потешкотии да се доближат ставовите на полтичките партии.

Освен за активната регистрација на гласачи, партиите се блиску до решение и за составот на ДИК, со тоа што се предлага да има 9 члена и тоа три члена да предлага власта, три опозицијата и тројца независни експерти.

Се уште нема договор околу предлогот на СДСМ решавањето на приговорите и жалбите да биде надлежна посебно судско тело, наместо Управниот суд.

Во однос на гласањето на дијаспората неофицијално, партиите се далеку од договор. ВМРО-ДПМНЕ е да остане досегашниот принцип на гласање на дијаспората во 3-те изборни единици: Европа, Америка и Австралија. СДСМ е дијаспората да гласа, но важноста на гласот да биде иста со гласачите во земјава.

Утре работни групи на четирите партии ги продолжуваат преговорите за постигнување договор за специјалниот јавен обвинител.

Без коментари

LEAVE A REPLY