Напредок во македонско-грчката соработка преку мерките на доверба

0
409

Во услови на продолжена блокада на патот кон НАТО, охрабрува тоа што има напредок во соработката со Грција, оценува министерот и вицепремиер Никола Попоски. На маргините на Самитот тој се сретна со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас.

„Напредуваме во соработката преку мерките на доверба, особено во образованието, културата, енергетиката и економската промоција“, вели за МКД.мк, Попоски.

Средбата поминала во прилично позитивна клима и се оценува како позитивна за напредокот на односите меѓу двете страни.

Освен за напредокот и следните чекори во однос на мерките за градење доверба, Попоски и Коѕијас разговарале и за продлабочување на регионалната соработка.