Наредена евакуација за околу 6 милиони жители

0
445

Гувернерот на Флорида објави во саботата дека е наредена евакуација на 6,3 милиони жители, што е четвртина од населението на оваа американска сојузна држава кон којашто се движи разорниот ураган Ирма кој веќе мина ги карипските острови и Куба.

Евакуацијата во помали размери е наредена и во сојузната држава Џорџија, како и во Јужна Каролина.

Ураганот Ирма во саботата тргна кон јужниот дел на Флорида од каде што милиони луѓе бегаат од своите домови, а стручњаците открија дека оваа масивна бура ослабила на категоријата 3, иако веројатно повторно ќе зајакне кога ќе ја мине Куба.

Се очекува дека Ирма ќе ја погоди Флорида во раните неделни часови, а The Washington Post пишува дека траекторијата на бурата се променила преку ноќта, па сега најтешко ќе го погоди западниот брег на полуостровот на кој живеат 20 милини луѓе, наместо средишниот како што досега се очекуваше. Западниот брег го очекуваат бранови до 4,5 метри во височина.

 

Без коментари