Народната банка ја намaли проекцијата за економски раст на 3,2%

0
1384

Народната банка ја намали проекцијата  за економскиот раст од 4,1% на 3,2%. Политичката неизвесност одвнатре и Грчката криза однадвор, но и послабиот економски раст во европските земји го стопија оптимизмот.

Сепак гувернерот Богов уверува дека  и со оваа стапка Македонија ќе има солиден економски раст. За догодина се проектира темпото умерено да забрза на 3,5 отсто, ниво пониско од априлските очекувања од 4,5%, а во 2017 година растот ќе изнесува 4 %.
Инфлацијата ќе се движи околу 0%, што е ниво пониско од очекувањата, а за следните две години постепено излегување од негативаната зона. НБРМ регистрира помал трговскиот дефицит на тековната сметка , постепено засилување на растот на извозот и увозот. Девизните разерви во сигурна зона. Како позитивни се оценуваат пониски цени на енергијата и храната, а како неповолни фактори што ќе влијаат врз економијата се пониските цени на металите.
Банкарскиот сектор е ликвиден, но за нив НБРМ подготвува мерки кои ќе стартуваат од следната година што ќе треба да  го стимулираат кредитирањето на стопанството, додека пак за граѓаните гувернерот Богов порача дека ќе се фокусираат кон мерки кои што ќе значат потрошувачки кредити, само за оние што можат да ги отплаќаат.
Издавањето на еврообврзницата, гувернерот Богов ја оцени како потребна, порача дека е добро да се има баланс меѓу надворешното и внатрешното задолжување.

Без коментари

LEAVE A REPLY