Народот е гневен, без реформи и фрегзитот е опција

0
391

Кандидатот за претседател на Франција Емануел Макрон изјави дека Европската Унија мода да се реформира или ќе се соочи со излегување на Франција од Унијата.

Проевропскиот фаворит, од кого се очекува да ги „одбрани европските вредности“ во дуелот со кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен, ова го кажа за Би-би-си една недела пред вториот круг од француските претседателски избори.

„Јас сум проевропски ориентиран, ги бранев постојано во текот на изборите европската идеја и европските политики, бидејќи верувам дека се многу важни за францускиот народ. Истовремено, мора да се соочиме со ситуацијата, да го слушаме гласот на народот. Народот е гневен, нестрплив и дисфункцијата со ЕУ повеќе не е одржлива. Во својот мандат ќе ја разгледам потребата Европската Унија длабински да се реформира“, кажа Макрон.

Според него, ако се дозволи ЕУ да функционира понатаму како што функционира сега – тоа би било предавство.

„Јас не сакам тоа да го правам. Ден по изборите бо можеле да имаме фрегзит или Национален фронт, повторно“, предупреди Макрон на партијата на својата противкандидатка.

Вториот круг на изборите во Франција се одржува на 7 мај.