Народот нема никаква полза од глумата и манипулацијата на СДС

0
636

„ Жителите на Љуботен очекуваат одговор од Оливер Спасовски кој ги вандализираше православните гробишта. Тие се вознемирени и бараат МВР да ги изведе виновниците пред лицето на правдата.

Наместо да се зафати со вистинските проблеми кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните и кои предизвикуваат тензии, Оливер Спасовски ја дефокусира јавноста занимавајќи се со ланскиот снег.

СДС некрофилски се обидува да ги поврзе трагичната сообраќајна незгода во која што животот го загуби Никола Младенов, грозоморното убиство кај Смилковското езеро и настаните во Диво Насеље со оперативното работење на службите и нивните контакти со странски гости, делегации и соработници. Манипулација од најнизок тип е обидот на СДС да ја излаже јавноста дека функцинерите во МВР се расфрлале. МВР до пред две години, односно до доаѓањето на СДС на власт имаше соработка со бројни служби која вроди со исклучителни резултати признаени и на меѓународен план.

Изминативе две години, откако СДС го презеде МВР, практично не е реализирана ниту една посериозна акција, а криминалот се повеќе зема замав. СДС веќе не е опозиција и народот нема никаква полза од нивната глума и манипулација.

Граѓаните се сведоци од каубојското дивеење по дискотеки и кафулиња на криминалци блиски до Заев. Јавноста е сведок дека секојдневно се зголемуваат жртвите по автопатиштата низ државава. Граѓаните очекуваат СДС конечно да сфати дека е на власт и дека има одговорност да ги решава проблемите“ стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Без коментари