Народот во април ќе покаже кој е кој во ова држава

0
360

Народот на Македонија, на сите ќе им покаже кој е кој во оваа држава, односно чија е оваа држава, порача во недела претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во обраќањето на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е ден кога овој народ, народот на Македонија, на сите ќе им покаже кој е кој во оваа држава, односно чија е оваа држава. Во април, народот на Макеоднија ќе си ја врати делумно одземената власт, и преку масовното гласање на изборите ќе ги избрка на клоци вештачки и насила насадените функционери и ќе испрати неколку пораки“, рече Груевски.

Тој нагласи дека народот на Македонија уште еднаш покажал дека има капацитет за државност. /крај/мф/ст