НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

0
721

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интернет страница, каде на почетокот на месецот ги претстави „волшебните“ лековити налепници за тело.

– Тие го балансираат нивото и протокот на енергија низ телото. Направени се од истиот материјал кој НАСА го користи во својата вселенска програма, препорачува актерката.

Сепак, експертите од американската вселенска агенција тврдат дека тие такви материјали воопшто не користат.

Актерката има своја фирка „Goop“, која дава совети за подобар животен стил.