НАСА објави колку е загаден воздухот во светот…Еве каде е Македонија по загаденост!

0
968

Шокантни слики од смог над Индија и Кина, откриваат колку лошо станало загадувањето на воздухот во овие региони.

Сликите се поддржани од страна на сателитски податоци кои откриваат како Кина, Индија и Блискиот Исток, сите се со зголемено загадување како резултат на проширување на своите индустрии.

Сега НАСА ги состави овие податоци во серија на мапи, кои го откриваат позитивното влијание на регулативата за контрола на емисии во САД, Европа и Јапонија.

Според овие мапи, најголем пораст на загаденоста има во Кина, Индија и на Блискиот исток, додека на територијата на САД, Европа и Јапонија, забележано е намалена емисија на токсични гасови.

-Овие промени во воздухот не се случајни. Кога владата објаснила дека ќе направи чекор напред и ќе направи нешто по повод намалувањето на загадениот воздух, тоа е и направено-рекол научникот Брајан Данкан.

Имено, според истражувачите, азот-диоксид би можел набрзо да се претвори во приземен озон, кој е главен загадувач во забрзаните средини, во широката јавност познат како смог.

На пример, САД и Европа се најголеми емитери на азот диоксид, но на овие два континенти се покажале значајни намалувања во период од 2005 до 2014 година.

Според оваа мапа со црвената и портокаловата боја покажуваат загрозени и нивоа опасни за здравејто на населението.

Зелената боја претставува ниво кое не е ризик за здравјето на луѓето.

Според мапата нашата земја се наоѓа во жолта зона која ознаува умерена зона .

Квалитетот на воздухот според мапата за Македонија е лесно прифатлив за луѓето, за некои загадувачи здравствената грижа е опишана како мала за луѓето кои се обично чуствителни на загаден воздух

Во Европа во многу градови се преземат чекори за да се подобри квалитетот на воздухот, но има денови во кои нивоата на PM2.5 честички може да се зголемат до нивоа кои се уште претставуваат ризик за луѓето кои се чувствителни на загаден воздух .