НАСА откри десет нови планети слични на Земјата

0
391

Националната американска вселенска агенција (НАСА) откри десет нови планети слични на Земјата. Научниците порачуваат дека најновите откритија се гоилемо охрабрување кога станува збор за потрагата по вонземскиот живот.

НАСА објави откритие на 219 потенцијални планети надвор од Сончевиот систем. Од тој број, десет планети имаат цврсто тло како Земјата и се наоѓаат во оптимална Зона која обезбедува постоење на вода.

„Научниците кои го користат телескопот Кеплер препознаа 219 нови потенцијални светови“, напиша НАСА на Твитер. Кеплер досега откри 4000 потенцијални егзопланети.

„Колку планети како нашата Земја се наоѓаат во галаксијата? Овој внимателно направен каталог е основа за директен одговор на едно од најинтересните прашања во астрономијата“, изјави Сузан Томпсон, научник на институтот СЕТИ.