Насевска и Василевски, победници на Илинденскиот пливачки маратон

0
536

Никола Василевски од ПК Орион во машка и Евита Насевска од клубот Бета во женска конкуренција триумфираа на Илинденскиот пливачки маратон кој по 36 пат се одржа во водите на Охридското езеро. Патеката долга 2.5 километри од Горица 1 до градското пристаниште Василевски ја мина за 33.13.71 додека Насевска за 40.15.14. Во машка конкуренција второто место му припадна на Мартин Тодоровски (Бета), а третото на Димитар Димовски (Орион). Втора на целта во женска конкуренција за пливачки над 16 години пристигна Моника Симјаноска од клубот ПК Граѓанин. Во машка конкуренција за 16 години и помали прв целта ја мина Филип Салтировски (ПК Бета), втор на пиедесталот заврши Иван Симоновски (ПК Орка), а трет Димитар Камнаровски (Роермонд, Холандија). Кај женските Ана Марија Пејчиноска (ПК Делфин) триумфираше пред Марта Челиковска (ПК Орион) и Стефани Тримчевска (ПК Делфи).