„Нашите улици, наша реалност“ – трибина во Битола

0
453

„Во пред план се луѓето и нивните потреби, а не автомобилот. Веќе не се планира за автомобилот и капацитетите на автомобили, туку се планира за создавање на благопријатна еколошка средина на луѓето , а да не биде загрозена мобилноста“. Ова е пораката на група експерти од МВР, професори од Технички Факултет и експерти од Републичкиот совед за безбедност на сообраќајот на патиштата која што ја упатија денеска на научна трибина по повод Европкста недела за мобилност

„ Мобилноста значително влијае врз квалитетот на живот, и токму целта на оваа трибина е да ја поттикнеме идеата за креирање на онакви градови во какви што луѓето сакаат да живеат, односно да ја поттикнеме локалната власт да размислува за идеата и за унапредување на мерките за урбан транспорт од една страна, а од друга да ги поттикнеме граѓаните за користење на алтернативни видови на превоз“, изјави доц. д-р Зоран Јошевски, член на Републичкиот совед за безбедност на сообраќајот на патиштата

„ Помеѓу Републичкиот совед за безбедност на сообраќајот на патиштата и Техничкиот факултет беше потпишан меморандум за соработка“, изјави проф.д-р Верица Данчевска од Технички Факултет Битола

Од почетокот на годината до крајот на август на ниво на Р.Македонија 105 учесници загинале во сообраќајни несречи. Од нив 26 биле пешаци, 9 моторциклисти и 3 велосипедисти. На ниво на општина Битола се загинале 14 лица, од кои 4 пешаци и 3 моторциклисти, за среќа нема загинати велосипедисти, рече Љупчо Ставревски, полициски советник при МВР

Проф.д-р Никола Крстаноски со своја презентација направи осврт за тоа што се случува во светот и како се решаваат проблемите на урбаниот сообраќај и кратка дискусија што се случува во Битола и каде треба да се оди.

Трибината се одржа на Технички факултет по повод Европската недела на мобилност

 

Без коментари

LEAVE A REPLY