Насилството е вперено против ЕУ, САД и НАТО

0
442

Косовскиот заменик премиер и шеф на дипломатијата, Хашим Тачи насилствата за време на протестите на опозицијата во Косово во саботата ги оцени како насилства вперени против Европската Унија, САД и НАТО.

Тој коментирајќи ги саботните нереди во Приштина рече дека тие што ги организираат овие нереди се против меѓународната заедница. „Насилството е и атак врз пријателите на Косово“, нагласи Тачи.

Епилогот на вчерашните насилни демонстрации во Приштина е 24 уапсени демонстранти и повеќе повредени лица, меѓу кои десет полицајци, двајца демонстранти и двајца новинари.

Опозицијата којашто ги организираше протестите бара да си оди Владата на чело со Иса Мустафа како и ставање вон сила на договорот за Заедниците на српските општини и за демаркацијата на границата со Црна Гора.

За протестите ја обвинуваат владата, наведувајќи дека не реагирала на силно изразеното незадоволство на граѓаните. Група демонстранти во саботата гаѓаа зградата на Владата со камења и молотови коктели, а полицијата употреби солзавец./крај/мф/мн