Наскоро ќе се знае точната бројка на заболени од хепатитис

0
695

Во Македонија од 1,5 до 2,5 % од вкупното население се заразени со хепатитис, информираат од  Хепар Центарот од Битола . За точно да се потврди таа бројка, Министерството и Фондот за здравство започнаа со изработка на Регистар за заболени од хепатитис.

milan

– Во Македонија има околу 1,5 до 2,5 заболени од хепатитис, наскоро ќе се знае точната бројка бидејќи Министерството и Фондот за здравство започнаа со изработка на Регистар за заболени од хепатитис, изјави Милан Мишковиќ претседател на Хепар Центар Битола

Хепатит Ц вирус спаѓа во групата на инфективни болести и го напаѓа Црниот Дроб. Може да се пренесе и преку полов однос, иако е тоа малку веројатна опција. Болеста ја предизвикува HCV вирусот. Каква е состојбата во Србија од ова заболување

ivana

-Во Србија се претпоставува дека има 500 000 заразени со хепатитис, а  тоа е огромна цифра и мораме нешто да преземеме за да се намали таа бројка“ – пренесе Ивана Драгојевиќ, Хонос – Белград

Акутен Хепатит Ц се однесува на првите 6 месеци од ифицирањето со HCV вирусот, а додека пак хроничен Хепатит Ц се однесува на случаеви кога вирусот преживува во чвековиот организам и до подолго од 6 месеци. Вирусот може да биде мирен во организмот и со децении, без никакви видливи физичи симптоми.

-Во тек се  преговори со Министерството за здравство за поставување на Национална стратегија за борба против хепатитисот, додаде Мишковиќ

Статистиките велат дека во светот постојат многу варијации на овој вирус со кој се заразени преки 3% од светската популација, од кои повеќето од нив не се ни свесни дека се носители на вирусот. Од тоа проценките се дека помеѓу 150 и 200 милиона луѓе е заразено токму од Хепатит Ц вирус.

Без коментари

LEAVE A REPLY