Наскоро нов закон за енергетика

0
170

Подготвена е драфт верзијата на новиот закон за енергетика и во следните три месеци се очекува да ги помине сите фази и да биде целосно усогласен со директивите на ЕУ и Енергетската заедница (ЕЗ), најави министерот за економија Беким Незири.

Проектот се спроведуваше изминатите две години, а за него Европската унија одвои 1,6 милиони евра. Целта беше да се овозможи зајакнување на капацитетите на надлежните институции во делот на енергетиката и усогласување на сите законски и подзаконски акти со европското законодавство.
Раководителот за соработка во Делегацијата на Европската унија Мартин Клауке е задоволен од сработеното и најави дека Европската унија и во иднина ќе го помага развојот на енергетскиот сектор во Македонија.