Настава во природа и во ОУ Св.Климент Охридски Битола

0
2173

На иницијатива на учениците со своите родители и наставниците ставена беше во функција Eко училницата во ОУ Св.Климет Охридски во Битола. Проектот го започнале пред една година, а сега во пресрет на летниот период е ставен во функција.

Училницата претставува можност децата да излезат од училница и теоретската настава да ја применат во пракса во природа, изјави Андријана Мигуловска, директор на ОУ Св Климент Охридски од Битола

Еко училницата е лоцирана во непосредна близина на еко градината , каде учениците ќе имаат можност наставата по биологија и по природни науки да се одржува надвор од училницата.
Пуштањето во употреба на Еко училницата беше проследено со хепенинг во кој учествуваа учениците и наставниците. Изградбата на еко ичилницата е подпомогната со финансиски средства и од општина битола .