Наставниците се обучуваа за работа со компјутер и основи на програмирањето

0
1921

Преку игровни активности и преку нови методи и техники учениците од трето одделение од оваа учебна година ќе го изучуваат предметот работа со компјутер и основи на програмирањето. Со цел на наједноставен начин да им биде пренесен на дечињата од осум годишна возраст, денеска во Битола се одржа еднодневна обука за наставниците
horvatovik
„Од 20- ти август до 2- ри септември, се реализираат еднодневни обуки за одделенските наставници кои во учебната 2015/2016 година ќе изведуваат настава по предметот работа со компјутер и основи на програмирање во трето одделение, согласно новиот наставен план и новите наставни програми за деветгодишното основно образование.По истражувањата и по опсежните анализи и по она што се случува како светски тренд , околу изучувањето со ИТ вештини, се донесе одлука овај наставен предмет да биде збогатен со со содржини од програмирање. Не се додава нов наставен предмет туку осовременување на новата наставна програма“, изјави Весна Хорватовиќ, директор на Бирото за развој на образование.
Идејата на оваа наставна програма била учениците од најмала можна возраст да се подготват за да бидат добри инжинери и програмери, со цел во иднина да можат да одговорат на барањата на пазарот на трудот

profesor za obuka
„Целта на обуките е наставниците да добијат насоки за реализација на новата наставна програма, во однос на методите и активностите за реализација на истата, објаснуваат од Бирото за развој на образованието.Овие генерации кои се сега трето и четвро одделение во моментот кога ќе треба да се вработуваат некаде околу 50% од работните места ќе побаруваат познавање од програмирање. Тоа е таа новина која е додадена во наставната програма на овој предмет и преку обуки ќе се обидеме на наједноставен начин да ги запознаеме и наставниците, а тие наједноставно да ги пренесат овие знаења на учениците“, изјави проф. Миле Јованов, претседател на Здружение на информатичари во Македонија

Обуките се организирани регионално, на македонски јазик и на албански наставен јазик, од страна на акредитиран понудувач на обука и услуги. Со обуките ќе бидат опфатени 1500 наставници од основните училишта во Република Македонија.

Без коментари

LEAVE A REPLY