Наташа Атлас и Керем Горсев трио на 7-то издание на Фестивалот на музика од светот

0
658

Фестивалот на музика од светот, оваа година ќе се одржи по седми пат. Со богата музичка програма низ која поминале најквалитетните музички артисти од нашата земја, афирмирајќи го македонското музичко богатство, од година во година, дел од фестивалот се и најреномираните имиња од светската музичка сцена меѓу кои Ришард Галијано, групата Баба Зула, Рабу Али Калил и други, кои го разбрануваа интересот на македонската јавност.

Оваа година фестивалот ќе се одржи на 5-ти и 6-ти ноември а го карактеризираат концертите на Керем Горсев трио од Истанбул и камерниот оркестар на Битола, под диригентска палка на Сашо Татарчевски како и ѕвездата на овогодинешното издание на фестивалот, Наташа Атлас, која после Париз, Минхен, Женева ќе го промовира својот најнов албум во Битола.

Трета карактеристика на фестивалот е промоцијата на најновиот албум на Љубојна-Шербет Љубојна, заедно со Исмаил Лумановски, кој беше најавен со коцертот во Хераклеа во рамките на фестивалот Илинденски денови.

И оваа година Фестивалот на музика од светот се одржува во партнерство на Францускиот институт од Скопје и Француската Алијанса од Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY